„Немаме магично стапче, ама знаеме кои се предностите на Македонија“

Репрезентацијата на Македонија утре против Словенија ќе го одигра третиот квалификациски натпревар за Европското првенство 2026.

Словенија на утрешниот дуел ќе биде осетно ослабена, ќе недостасуваат многу звучни имиња, а асистентот на Урош Зорман, Мирко Скоко, ги истакна неговите очекувања.

,,Во суштина, пред дуелот со Македонија ќе имаме еден вистински тренинг. Немаме магично стапче, но знаеме кои се нашите предности, знаеме и кои се предностите на Македонија. Ќе се обидеме да најдеме начин да ги запреме“, рече Скоко.

Селекцијата на Зорман квалификациите за пласман на континенталниот собир ги стартуваше со две победи, против Естонија и Литванија.

Утрешниот натпревар меѓу Македонија и Словенија ќе се одигра со почеток од 20:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.