Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во пролетниот дел од сезоната.
На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.
Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 21 коло од суперлигашката конкуренција. Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.
Meѓу номинираните за ова коло има по еден ракометар од Вардар, Еурофарм Пелистер, Струга, Тиквеш, Борец ФЛ, Прилеп и Пролет.
За МВП на колото ќе можете да гласате до петок до 12 часот.
Супер лига, 21. коло, резултати:
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – БУТЕЛ СКОПЈЕ 34-25 (ИЗВЕШТАЈ)
БОРЕЦ ФЛ – ПРИЛЕП 38-38 (ИЗВЕШТАЈ)
ОХРИД – ВАРДАР 26-27 (ИЗВЕШТАЈ)
КУМАНОВО – АЛКАЛОИД 27-41 (ИЗВЕШТАЈ)
СТРУГА – ТИКВЕШ 25-25 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРОЛЕТ – РАДОВИШ 23-19 (ИЗВЕШТАЈ)
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 21. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА
Голман: Васил Гогов (Вардар) – Чуварот на мрежата беше творец на пресвртот на гостувањето кај Охрид.
Лево крило: Дејан Манасков (Еурофарм Пелистер) – Искусниот велешанец вторпат по ред е меѓу најдобрите во редовите на шампионот.
Лев бек: Мартин Манасков (Тиквеш) – Левиот бек беше меѓу најдобрите на гостувањето кај Струга.
Среден бек: Божидар Илиески (Прилеп) – Плејмејкерот има големи заслуги за големиот бод на гостувањето во Велес.
Десен бек: Габриел Гуедеш (Борец ФЛ) – Бразилскиот интернационалец беше најдобар стрелец на велешани во ремито со Прилеп.
Десно крило: Александар Стојков (Струга) – Десното крило беше лидер во големото реми против фаворитот Тиквеш.
Пивот: Стефан Атанасовски (Пролет) – Кружниот напаѓач имаше неколку погодоци во серија во моментите кога се кршеше резултатот во корист на неговиот тим.