Норвешкиот репрезентативец Сандер Сагосен, иако беше врзан со договор со тимот на Колстад, сепак на полусезоната се пресели во данскиот Алборг.
Иако најавуван како голем проект, сепак Колстад западна во финансиска криза, сите договори беа намалени, па и тој на Сагосен. Клубот функционира нормално, но ситуацијата не е како што посакуваа сите.
Сагосен откри дека бил наивен кога поверувал на големите ветувања за проектот.
„Ако зборуваме за моите првични очекувања, тогаш бев наивен. Да се биде во Колстад ми стана тежок товар. Но никогаш нема да обвинувам никого освен себеси. За мене преселбата во Алборг значи дека повторно сум среќен кога играм и се чувствувам како да сум на вистинското место. Можам искрено да кажам дека мојата финансиска состојба значително се влоши. Сакав да се вратам во Алборг, да победувам, да продолжам да се развивам и повторно да бидам успешен“, изјави Сагосен за данските медиуми.
По преселбата во Алборг, значајно ја подобри својата форма и почна да потсетува на „стариот Сагосен“.