Актуелниот шампион Ѓорче Петров направи значаен чекор во битката за титулата во Женската лига, откако славеше на тешкото гостување кај Чаир со 32-30. Иако „лавиците“ водеа во повеќе наврати со шест гола, сепак во финишот мораа добро да се испотат за бодовите, бидејќи избраничките на Љатифи храбро се бореа и успеаја да намалат на два гола, но не и да направат комплетен камбек во мечот. Сега Ѓорче Петров е осамен на врвот со 13 бодови, додека на делба на второто место се Чаир и Металург Автокоманда со по девет бода.
Во првиот дел доминираа „лавиците“ предводени од Ивана Дежиќ, која даде 17 погодоци, поведоа со 5-1, а разликата во нивна корист се движеше меѓу три и шест погодоци. На пауза та гостинките водеа со 19-14. Чаир го отвори вториот дел со два гола во серија, имаше контра да намали на минус три, но не беше реализирана, па Ѓорче Петров ги казните грешки и одново преку неуморната Дежиќ отиде на плус шест, 22-16.
Тоа што не им успеа од прва, им успеа од втор обид на домаќинките кои преку Хана Мифтари која победи за минус три, 25-22, па Симовски мораше да бара тајм-аут и да ги смири своите избранички. Не попушташе Чаир во борбата да се врати во мечот и во два наврати намали на минус два, а во овие моменти одлична беше Гулицоска. Којовиќ исто така беше солидна на голот, со своите одбрани им овозможи на колешките да се доближат и на еден негатива.
Сепак ударите на Чавар и на Дукоска, беа лесен плен за Габина, па Ѓорче Петров на пет минути до крајот погоди за 31-28. Имаше незгоден старт на Мифтари, таа заработи незгодна повреда, па мечот беше во краток прекин и Чаир мораше да продолжи без младата ракометарка.
Габина им фати два шута на домаќинките, погоди Менезес на спротивната страна и Ѓорче Петров отиде на високи четири гола предност. Чаир успеа да намали со голот на Гулицоска на 32-30 кога останува уште четириесетина секунди. Се одбранија домаќините, но немаше време за нешто повеќе на овој дуел.
Најдобри стрелци кај победникот покрај одличната Габина на голот, беа Дежиќ со 17 и Вранчиќ со пет гола, додека кај домаќинките Којовиќ исто така имаше добра партија на голот, а меѓу стрелците се истакна Гулицоска со 12 погодоци.