Ракометарките на Металург Автокоманда без многу проблеми дојдоа до 4-ти триумф во плеј-оф фазата од Женската лига, откако на свој терен го совладаа Астибо со 35:18.
Избраничките на Јулијана Дамчевска победата ја најавија уште на самиот старт, поведоа со 9:2, на полувреме заминаа со предност од 16:12, а вториот дел претставуваше чиста рутина.
Во победничкиот табор најефикасна беше Стефани Ристиќ со пет погодоци, по четири имаа Таида Беровиќ, Борјана Коцева, Миновска Сара и Јана Ѓошевска.
Кај Астибо, стандардно прв стрелец беше Марија Анчева, која натпреварот го заврши со девет погодоци, а пет додаде Анастасија Богоевска.
Металург Автокоманда во следното, 7. коло ќе гостува кај Вардар, додека Астибо на свој терен ќе го пречека актуелниот шампион Ѓорче Петров.