ЅВЕЗДА НА 4. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ ВО ЖЕНСКА ЛИГА – ЛЕОНА МИЛЕНКОВСКА (ВАРДАР)

Ракометарката на Вардар, Леона Миленковска, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 4. коло од плеј-оф фазата во единственото женско сениорско натпреварување.

Младата ракометарка беше на висина на задачата на натпреварот против Астибо во Штип и зад своето име запиша шест погодоци и подели неколку асистенции.

Миленковска на гласањето доби околу 65% од гласовите на читателите на 24Ракомет, додека второпласирана беше Теодора Гулицоска од Чаир со 32%.

Во конкуренција за ѕвезда на 4. коло од плеј-офот во Женската лига беше и ракометарката на Ѓорче Петров, Анастасија Николовска.