Младиот репрезентативец на Хрватска, Лука Ловре Кларица, по одличниот настап на Светското првенство 2025 го привлече вниманието на големите клубови.
23-годишниот десен бек освен на репрезентативно, одлични настапи има и на клупско ниво во дресот на хрватскиот шампион Загреб.
Од сезона 2020/21 со тимот на Загреб настапува во најквалитетното натпреварување во Европа и сигурно го очекува блескава иднина.
Според информациите на ,,Handball Base” за Кларица постои голем интерес од уште два моќни клубови.
Освен Келце, кој пројави интерес за Кларица во минатата година, за потписот на десниот бек се борат и бундеслигашот Мелсунген, како и унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед.
Кларица моментално е најдобар стрелец на Загреб во Лигата на шампионите, има постигнато 53 погодоци на 11 одиграни натпревари.
Претходно, Иван Мартиновиќ и Филип Главаш беа мета на неколку моќни клубови, откако имаа импресивен настап на Мундијалот.