Шампионот се засилува на голманската позиција – доаѓа Давид Брестовац!

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер го продолжува процесот на ангажирање млади домашни ракометари.

Давид Брестовац е нов член на битолскиот тим и се обрвза на две ипол годишен договор со Еурофарм Пелистер. Се работи за 20-годишен голман, кој доаѓа од ракометно семејство, и веќе има меѓународно искуство.

Бранејќи за Котбус и Волф Вирцбург, Брестовац стекна драгоцени минути во нозете. Тој се наметна и носејќи го дресот на македонската младинска репрезентација, со која настапи и на големи натпреварувања.

Давид Брестовац веднаш ќе се приклучи на екипата и ќе му се стави на располагање на стручниот штаб. Тој ќе биде дел од квартетот со Никола Митревски, Филип Ивиќ и Василије Печурица.