Хрватски репрезентативец потпиша за Вецлар

Кружниот напаѓач на Хрватска, Јосип Шимиќ, ќе има нов предизвик во следната сезона, откако се договори со Вецлар.

24-годишниот Хрват, кој моментално настапува заедно со Мартим Томовски во Потсдам, по завршеното СП имаше неколку понуди.

Вецлар и Шимиќ се договорија на двегодишна соработка, па така кружниот напаѓач во амбициозниот тим ќе остане до летото, 2027 година.

Како што е познато, бундеслигашот од ова лето ќе биде предводен од легенданриот Момир Илиќ, а ќе го замени на клупата Франк Карстенс.

Шимиќ, моментално, е предводник на стрелците во Потсдам, во досегашниот  тек од сезоната во Бундес лигата има постигнато 53 погодоци.

Најголемиот успех го забележа токму на Мундијалот 2025 кога со ,,коцкестите” го освои сребрениот медал.