Дамгард пред кам-бек во татковината

Според шпекулациите во Данска, левиот бек Михаел Дамгард би можел да се врати во својата татковина.

Искусниот Дамгард од сезона 2015/16 настапува за Магдебург и со бундеслигашот во сезона 2022/23 ја освои титулата во ЛШ.

Дамгард се наоѓа на залезот на кариерата, има 34 години, па многу веројатно е дека ќе посакува да се пензионира во некој дански клуб.

Данецот со Магдебург има договор до ова лето, а раководството на бундеслигашот за следната сезона на позицијата лев бек го ангажираше Елвар Јонсон од Мелсунген.

Левиот бек кариерата ја започна во ГОГ, потоа пред да замине во најквалитетната лига на светот беше дел од Холстебро.