Шведски лев бек го засили Мелсунген

По чуварот на мрежата Криштоф Паласич, бундеслигашот Мелсунген го промовираше второто засилување за следната сезона.

Станува збор за левиот бек од Шведска, Оле Форсел Шеферт, кој во тимот на Роберто Парондо доаѓа од Рајн Некар Левен.

Шеферт ја одработува третата сезона кај „лавовите“ и прикажува одлични партии, па го привлече вниманието на лидерот на Бундес лигата.

Шведскиот ас потекнува од Савехоф, а од 2017 година настапува во Германија и до 2022 го носеше дресот на Вецлар.

Во Мелсунген ќе биде замена за Исланѓанецот Јонсон, кој на лето ќе замине во Магдебург.