Ривал на Еурофарм Пелистер се засили со шпански пивот

Данската Фредериција, еден од ривалите на Еурофарм Пелистер во групната фаза од ЛШ, го промовираше новото засилување за следната сезона.

Во Фредериција ќе пристигне искусниот кружен напаѓач Роландо Гонзалез, кој моментално настапува за Ла Риоха.

25-годишниот ракометар во данскиот суперлигаш ќе го има второто интернационално искуство по настапите во Германија.

Гонзалез ги има поминато сите младински категории во Фуксе Берлин, беше дел и од сениорскиот тим на ,,лавовите”, а потоа играше за Есен и Потсдам пред да се пресели во Шпанија.

Фредериција за следната сезона ангажираше уште три имиња – Кристијан Ларсен (Елверум), Пеле Сегертофт (Онередс) и Сандер Хајрен (Холстебро).