Екипата на Рајн Некар полека работи на составувањето на тимот за следната натпреварувачка сезона.
Пред извесен период, во ракометните кулоари се појавија гласините дека голема желба на клубот од Манхајм е средниот бек Лук Стеинс.
Сепак, според пишувањата на „Манхајмер Морген“, најверојатно нов играч во дресот на ,,лавовите” ќе биде сонародникот на Стеинс – Дани Бајенс.
26-годишниот ракометар, исто како и Стеинс, настапува во ПСЖ, а со најбогатиот европски клуб двајцата имаат договор до летото, 2026 година.
ПСЖ посакува предвреме да се ослободи од Бајенс, па така Рајн Некар би можел да го добие средниот бек за сезона 2025/26.
Доколку се реализира трансферот, искусниот Бајенс нема да има никакви проблеми за адаптација во Бундес лигата, бидејќи пред да замине во ПСЖ беше дел од Хамбург, Вестфален, Лемго и Фленсбург.