Огромно засилување за Подравка – по пет сезони се врати Ана Дебелиќ!

Огромно засилување доби хрватскиот шампион Подравка за продолжението на актуелната сезона во која има одлични настапи во Лигата на шампионите.

Во Копривница се врати хрватската репрезентативка Ана Дебелиќ, која беше дел од норвешкиот Вајперс Кристијансанд се до банкротирањето.

Иако таа требаше да дојде на лето, банкротот на норвешкиот тим ја забрза целата процедура и таа се врати дома порано од предвиденото.

Дебелиќ настапуваше од 2016 до 2020 за Подравка, а играше и за Замет Ријека, Локомотива Загреб, Желина и Астраханочка, пред да се пресели во Норвешка, каде освои две титули во Лигата на шампионите.

Подравка оваа сезона игра одлично на чекор е до место во осминафиналето, односно елиминациите, што би бил најголем успех во поновата историја.