Финалето на Мундијалот меѓу Данска и Хрватска ќе се одигра во „Унити Арена“ во Осло пред 15.000 гледачи.
Логично, најголем дел од нив ќе бидат Данци. Според пишувањата на ТВ2 дури 12.000 навивачи ќе ја поддржуваат скандинавската селекција.
Хрватскиот ракометен сојуз добил само 400 влезници за финалето, но најмалку 1.500 „коцкести“ навивачи ќе има трибините во Осло.
Три чартер летови утринава отпатуваа за норвешката престолнина, сигурно ќе има и хрватски иселеници од околината, па ХРС очекува дека ќе може да сметаат на добра поддршка.
Натпреварот меѓу Хрватска и Данска се игра од 18:00 часот, додека претходно од 15:00 е битката за бронза меѓу Португалија и Франција.