Парондо и Мелсунген купија нов голман

Откако стана јасно дека нема да биде продолжена соработката со Адам Моравски, кој се враќа во татковината, бундеслигашот Мелсунген објави дека на лето ќе има нов голман.

Станува збор за Криштоф Палашич, кој се обврза на соработка во следните две сезони и ќе формира дуо со Небојша Симиќ.

Палашич во моментов е дел од португалската Бенфика, за која брани одлично во Лигата на Европа.

Тој е голман на Веспрем, кој очигледно повеќе им верува на странците, па го праќаше на позајмици низ Европа. Палашич бранеше во НЕКА Академија, шпанската Ла Риоха, а тековната сезона е дел од Бенфика заедно со Филип Талески.