Камбек на Дувњак за нокаут-фазата на СП?!

Хрватската јавност беше шокирана по повредите на Домагој Дувњак и Лука Циндриќ, но можеби капитенот, за кој ова е последен настап на големо натпреварување во репрезентативниот дрес, може наскоро да се врати.

Како минува времето, така се зголемуваат шансите да се вратат до крајот на СП. Циндриќ се опоравува по повредата на мускулот, а германскиот „Спортшау“, тврди дека Дувњак би бил спремен да игра во нокаут фазата на СП повикувајќи се на извори од медицинскиот тим на Кил.

Сепак Хрватите треба допрва да се изборат за четвртфиналето што ќе се игра во Загреб, за да има шанса Дувњак одново да заигра.

Пред избраниците на Дагур Сигурдсон се натпреварите против Зеленортските Острови, Словенија и Исланд, на кои мора да забележат победи за да бидат дел од четвртфиналето.