ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Лазаров со две промени, ќе има и дебитант на СП!

Селекторот на Македонија, Кирил Лазаров, направи една промена за натпреварот со Австрија во споредба со оној против Гвинеја.

Надвор од комбинација повторно остана голманот Иван Галевски, а оние што играа против Гвинеја, ги нема кружниот напаѓач Валентин Карасманакис и десниот бек Томислав Јагуриновски.

На нивно место во ростерот се средниот бек Марко Митев, како и дебитантот во сениорскиот дрес на големите натпреварувања – Александар Петковски.

Тој играше за сениорите на Медитерански игри, но ова ќе му биде прв меч на натпреварувања како ЕП и СП.

Натпреварот меѓу Македонија и Австрија се игра денеска во „Вараждин Арена“ со почеток во 15:30 часот.