Македонија чека десет години на победа над европска селеција на СП!

Машката репрезентација на Македонија денеска го стартува настапот во главната рунда на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка.

Прв ривал на избраниците на Кирил Лазаров е Австрија, селекција која е последната европска што сме ја победиле на Мундијалите, и тоа пред десет години на СП 2015!

Во меѓувреме Македонија губеше од репрезентации како Норвешка, Холандија, Франција, Русија, Белорусија, Хрватска, Шпанија, Словенија, Шведска, но има и реми со Исланд, Унгарија…

Победите над Австрија со 36-31 датира од 23 јануари од Доха, а потоа на четири Мундијали, Македонија нема триумф над европска селекција.

Има запишано само победи над репрезентации од други континенти како Чиле, Тунис, Мароко, Алжир, Ангола, Бахреин, Јапонија…

Денешната пресметка од 15:30 часот во „Вараждин Арена“ е одлична шанса да се прекине десетгодишниот пост без победа над европска репрезентација на СП.