Репрезентацијата на Египет, која успеа да се пласира во главната фаза, во која пренесува четири бода, се соочува со голем хендикеп.
Еден од подобрите играчи во Египет, Ахмед Хешам, заработи повреда на коленото на последниот натпревар против Хрватска, па поради тоа нема да игра во главната фаза.
Според најавите, на бекот му претстои пауза од една недела и доколку неговата репрезентација избори четвртфинале, тогаш би можел да им помогне на своите колеги.
Египет имаше успешен настап во групната фаза, победи против Аргентина, Бахреин и Хрватска.