Iceland vs Cape Verde, 29th IHF Men’s World Championship 2025, Zagreb, Croatia, 16.01.2025, Mandatory Credit © Anze Malovrh / kolektiff

ДЕНЕСКА НА СП: Се делат последните два билети за главната фаза

Денеска на Светското првенство 2025 во Данска, Норвешка и Хрватска со два натпревари ќе заврши групната фаза.

За последните два билети за пласман во ТОП 24 ќе се борат Куба и Зеленортските Острови, односно Чиле и Јапонија.

Репрезентацијата на Словенија за ривал во 3. коло од групната фаза ја има Исланд и против островската земја ќе се обиде да победи, со цел да пренесе максимални 4 бодови во главната фаза.

Шведска и Шпанија се очекува да одиграат интересен натпревар, кој ќе биде од голема важност за двете репрезентации –  победникот го освојува првото место во групата Ф.

Како што е познато, нашата репрезентација обезбеди пласман во главната фаза и утре ќе игра против Австрија.

Распоред на денешните натпревари на СП:
18:00 Јапонија – Чиле
18:00 Куба – Зеленортски Острови
20:30 Словенија – Исланд
20:30 Шведска – Шпанија