Светската ракометна федерација ги промени саатниците за натпреварите од главната рунда во групата на Македонија.
Иако требаше да игра два пати во 18:00 часот според првичниот распоред, сепак ИХФ ги промени саатниците и сега нашата селекција ќе игра во 15:30 часот.
Натпреварот против Австрија е закажан за 21 јануари од 15:30 часот, додека против Катар дуелот е на 23 јануари во истиот термин.
Франција доби два централни вечерни термини, па дуелот со Македонија ќе го игра на 25 јануари со почеток во 20:30 часот.