Селекторот на Холандија, Штафан Олсон, мораше да повика дополнително нов ракометар за натпреварите од главната рунда на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка.
Станува збор за десното крило на Спортинг Нелт, Роб Шмеиц, кој доаѓа да го замени Алек Смит.
Тој заработи повреда на мускулот, за него СП веќе заврши, а Холандија е дополнително ослабена на таа позиција.
Од претходно отпадна еден од најдобрите, Боби Шаген од Лемго, па сега на десно крило ќе има двајца неискусни ракометари кога се работи за настапите во националниот тим.
Холандија ќе се бори со Унгарија за првото место во групата и да пренесе што повеќе бодови во главната рунда.