Ракометарите на Македонија денеска против Гвинеја ќе го одиграат третиот натпревар на Светското првенство во Данска, Норвешка и Хрватска.
Избраниците на Кире Лазаров против африканската селекција треба само да го потврдат пласманот во главната фаза на Мундијалот.
На денешната програма на СП 2025 ќе има уште седум натпревари, а интересно се очекува да биде на пресметката меѓу Холандија и Унгарија, односно Норвешка и Португалија.
Распоред на денешните натпревари на СП 2025:
15:30 Полска – Швајцарија
18:00 Аргентина – Бахреин
18:00 Бразил – САД
18:00 Германија – Чешка
18:00 Македонија – Гвинеја
20:30 Египет – Хрватска
20:30 Унгарија – Холандија
20:30 Норвешка – Португалија