Франција, Австрија и Катар ја чекаат Македонија

Натпреварите од прелиминарната рунда во групата Ц завршија и познати се трите селекции што продолжуваат во главната рунда.

Од Пореч во Вараждин се селат европскиот првак Франција, Австрија, како и селекцијата на Катар предводена од Веселин Вујовиќ.

Од групата Д во главната рунда веќе се пласирани Холандија и Унгарија, а сите овие пет селекции ја очекуваат Македонија да им се придружи.

Нашите ракометари треба да го добијат натпреварот против Гвинеја вечерва од 18:00 часот и со еден бод да патуваат во главната рунда.

Натпреварите од главната рунда ќе се играат во „Вараждин Арена“ на 21, 23 и 25 јануари во термините од 15:30, 18:00 и 20:30 часот.