Џонов: Навивачите прават да се чувствуваме како дома – против Гвинеја мора максимално борбено

Maшката репрезентација на Македонија ги архивира натпреварите против Унгарија и Холандија, и се врти кон Гвинеја.

Со победа на овој дуел ќе биде потврдено местото во главната рунда, а левото крило Иван Џонов потенцира дека не смее да има никакво потценување на ривалот.

„За натпреварот со Гвинеја мора да бидеме максимално подготвени, да направиме добра анализа, бидејќи се посебен вид на репрезентација, немаме играно со таква селекција. Играат поинаков ракомет, не треба да ги потцениме и да одиграме максимално борбено како во претходните две средби за да дојдеме до лесна победа. Гвинејците играат посебен вид ракомет, може да бидат непредвидливи во некои потези и ситуации на теренот. Треба да бидеме претпазливи, да внимаваме и да бидеме сконцентрирани. Чувството е феноменално да играме во атмосферата во која играме не мотивира, се надевам дека навивачите ќе продолжат да не поддржуваат во истиот стил – играме како дома“, изјави Џонов.

Натпреварот меѓу Македонија и Гвинеја се игра утре во „Вараждин Арена“ со почеток во 18:00 часот.