„Бутел-експрес“ ги реши Марибор и Рудар – ќе игра за трофеј во Сараево!

Ракометарите на Бутел Скопје по вчерашниот триумф над ОРК Босна Сараево, денеска запиша уште две победи во групната фаза на меморијалниот турнир „Горан Ченгиќ“ во Сараево.

Избраниците на Горан Кузманоски утринава имаа успешна проверка против црногорскиот Рудар Плевља и славеа со 40-31.

Во вечерниот термин, македонскиот тим славеше убедливо и против словенечкиот Мариборг со 47-29.

Со три победи на три меча, Бутел Скопје го освои првото место во групата, а ривал во утрешното финале што се игра од 16:00 часот ќе биде победникот од дуелот меѓу црногорскиот Ловќен и босанската Вогошча.