Македонската репрезентација загуби во второто коло на СП од Холандија со 37-32 и ќе мора на последниот меч со Гвинеја да го завери местото во главната рунда.
Средниот бек Игор Ѓорѓиев вели дека Холандија има искусни ракометари кои ги казнуваа сите македонски грешки.
„Игравме против поинаква селекција од Унгарија. Холандија има искусна репрезентација, ние направивме доста грешки кои ривалот ги казни и го искористи тоа. Ни останува да се одмориме добро, да ги избистриме главите, да се адаптираме на ситуацијата и да се спремиме за Гвинеја против која одиме на победа“, изјави Ѓорѓиев.
Натпреварот меѓу Македонија и Гвинеја се игра од 18:00 часот во текот на утрешниот ден.