Бутел Скопје тргна со победа на турнирот во Сараево

Ракометарите на Бутел Скопје стартуваа победнички во групата од меморијалниот турнир „Горан Ченгиќ“ во Сараево.

Избраниците на Горан Кузманоски го совладаа составот на ОРК Босна Сараево со 29-27 во првото коло.

Иако на паузата беше реми, 14-14, сепак со подобрата игра во вториот дел, успеаја да го совладаат домашниот тим.

Во текот на утрешниот ден Бутел ќе има два натпревари против црногорскиот Рудар и против словенечкиот Марибор.