Репрезентацијата на Швајцарија одигра одлично против Германија, но остана со празни раце, откако загуби со 31:29.
Иако ракометарите на Шмид беа повеќе од рамноправен ривал во текот на целиот натпревар, а поискусниот состав на ,,панцирите” успеа да биде повеќе пофокусиран во клучните моменти.
На останатите натпревари, кои беана програмата од 20:30 часот, убедливи победи остварија Унгарија, Хрватска и Норвешка.
Репрезентацијата на Унгарија триумфираше над Гвинеја со 35:18, избраниците на Сигурдсон пред своите навивачи немаа поголеми проблеми против Аргентина и дојда до убедлив триумф од 33:18.
Норвешка, која во првото коло беше поразена од Бразил, беше доминантна во натпреварот против САД, победи со 33:17.