Машката репрезентација на Македонија вечерва го има вториот предизвик на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка.
Неизоставен декор на натпреварите на Македонија се македонските навивачи, кои веќе се „загреваат“ за битката со Холандија.
Во фан-зоната во Вараждин, со пиво и песна, се загрева атмосферата за пресметката од која Македонија може да добие многу.
Натпреварот меѓу избраниците на Кирил Лазаров и „лалињата“ се игра вечерва во „Вараждин Арена“ со почеток во 18:00 часот.