Еден од најголемите надежи на Србија, Симо Шијан, кариерата ќе ја продолжи во Данска и таму ќе игра за еден од најдобрите прволигаши.
Станува збор за тимот на Скјерн, кој во ланската сезона играше на европска сцена, поточно во Лигата на Европа и во четвртфиналето беше елиминиран од силниот Динамо Букурешт.
20-годишниот ракометар ги мина сите младински категории на Војводина, беше дел и од сениорскиот тим на актуелниот српски шампион, а во првиот дел од тековната сезона беше на позајмица во Југовиќ Кач.
Ова е голем чекор во кариерата на талентиран ракометар, па така Шијан ќе има можност за уште поголем напредок. Позајмицата во Скјерн ќе трае до крајот на сезоната, по што ќе се знае кои се идните планови за овој перспективен играч.
Шијан пред извесен период го имаше деби настапот во сениорската репрезентација на Србија и со своите игри покажа дека може да биде предводник на „орлите“ за неколку години.