Тимот на Сомбатељ каде што настапува македонската репрезентативка Ивана Џатевска, забележа победа во унгарскиот шампионат.
По два порази и едно реми, Сомбатељ славеше во интересен натпревар против составот на Будаорс со 29-28.
Џатевска мина 35 минути и успеа да постигне три гола од три обиди, а имаше важна улога и во одбраната на победничкиот тим.
Сомбатељ сега има 14 бода што е доволно за петтото место зад Ференцварош, Ѓер, Естергоми и Дебрецин, а во следното коло ќе игра на гостински терен кај Мошонмаѓаровар.