Машката репрезентација на Исланд ќе биде без лидерот Арон Палмарсон на стартот на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка.
Селекторот Снори Гудјонсен откри дека нема да може да смета на исландската ѕвезда во групната фаза на СП.
34-годишниот ракометар на Веспрем има повреда на мускулот, што ќе го оддалечи кратко време од терените.
Исланд е во група со Словенија, Куба и Зеленортските Острови, па нема сомнеж дека ќе оди во главната рунда, а Палмарсон би можел да помогне во таа фаза.