ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Македонија на тест со „коцкестите“

Машката репрезентација на Македонија ја одработува последната фаза од подготовките за настапот на Светското првенство 2025

Избраниците на Кире Лазаров денеска ќе тестираат против Хрватска, која е еден од ко-организаторите на Мундијалот 2025.

Денешниот дуел против „каубоите“ ќе биде добра проверка на „црвено-жолто“ бидејќи Хрватска е репрезентација од горниот ешалон.

Натпреварот меѓу Хрватска и Македонија ќе се одигра во „Вараждин Арена“ со почеток во 20:15 часот.

Македонија на 10 јануари ќе има тест со хрватскиот суперлигаш Сесвете, додека последниот пријателски натпревар, оној против Зеленортските Острови, ќе го одигра на 12 јануари.

Македонија на 15 јануари го стартува настапот на СП против Унгарија, а во групата се уште репрезентациите на Холандија и Гвинеја.