Селекторот на Кувајт, Саид Хаџази, го објави скратениот список на ракометари за настап на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка.
Тој смета на 23 ракометари, а меѓу нив го нема чуварот на мрежата Али Сафар, кој своевремено беше дел од Вардар. Сите ракометари на списокот доаѓаат од домашното првенство.
Кувајт се враќа на СП по пауза од 16 години, откако беше дел од СП 2009, кое се одржа исто така во Хрватска.
Селекторот Хаџази смета на 33-годишниот среден бек – капитенот Абдула Ал Камис, а тука се најдобриот стрелец од актуелниот ростер – десното крило Али Салех, потоа голманот Хасан Сафар, левото крило Аидер Дашти…
Кувајт ќе биде дел од групата што ќе се игра во Пореч заедно со селекциите на Катар, Австрија и Франција.