Бековите на Вардар и Еурофарм Пелистер ќе го водат Тунис на СП

Селекторот на Тунис, Мохамед Али Сгир, го објави скратениот список на ракометари на кои ќе смета за претстојното Светско првенство во Хрватска, Данска и Норвешка.

Меѓу повиканите ракометари има и двајца од македонскиот шампион и вицешампион, Еурофарм Пелистер и Вардар.

Тоа се десните бекови Усама Хосни и Ашраф Маргели, а Сгир ќе смета и на Бен Абдала, Харбауи, Белкаид, Санаи, Азиз Аиди…

Тунис се најде во тешка група на СП 2025 и ќе игра во Хернинг против домаќинот Данска, Италија и Алжир.