Загреб му ја укина суспензијата на Срна

Хрватскиот првак Загреб му ја укина суспензијата на левиот бек Звонимир Срна, по тепачката во соблекувалната по мечот со Нант.

Срна ќе може да се врати на тренинзите на Загреб по СП, а во меѓувреме ќе биде дел од хрватската репрезентација.

„Веќе не сум суспендиран“, потврди Срна за „24 Сата“ на првиот собир на националниот тим пред настапот на Мундијалот.

Олеснителна околност беше тоа што Срна не ја предизвика тепачката, туку само застана во одбрана на Матеј Мандиќ, кој беше нападнат од Милош Кос.

Хрватскиот првак Загреб не објави за укинувањето на суспензијата на Срна, ниту за следните чекори во врска со заминувањето на Кос.