Екипата на Подравка, која е предводена од поранешниот селектор на Македонија, Ивица Обрван, за вториот дел од натпреварувачката сезона донесе репрезентативка на Австрија.
Станува збор за довчерашната членка на Дебрецен, Кристина Драмац, која немаше забележителни партии во унгарскиот суперлигаш, па така двете страни одлучија секој да си продолжи по својот пат.
За десниот бек доаѓањето во Подравка е камбек во хрватскиот шампионат, бидејќи во сезона 2022/23 и 2023/24 настапуваше заедно со македонската репрезентативка Андреа Седлоска во Локомотива Загреб.
Подравка оваа сезона се врати во европската елита и има големи шанси да обезбеди пласман во осминафиналето. Избраничките на Обрван на осум натпревари во групната фаза остварија три победи и едно реми.