Шокот во Магдебург по терористичкиот напад на Божикниот маркет, се уште не е стивнат, па затоа е одложен втор натпревар на овој клуб од Бундес лигата.
По натпреварот со Ајзенах што требаше да се игра во неделата, раководството на Бундес лигата го одложи и натпреварот против Ерланген што беше закажан во „Гетек Арената“ во четврток.
Двата дуели допрва ќе добијат нови датуми и саатници, а се одложени поради безбедносни причини, но и како чин на сочувство кон жртвите.
Терористичкиот напад што го згрози светот се случи во саботата, кога 50-годишен психијатар од Саудиска Арабија со автомобил помина во пешачка зона на плоштадот.
Билансот од овој напад е пет жртви, а имаше најмалку 200 повредени луѓe, кои се уште се опоравуваат од повредите.