Петковска и Салерно со победнички крај на 2024, бркотница на врвот во Италија

Тимот на Салерно, каде што брани македонската репрезентативка Драгана Петковска имаше победнички крај на 2024 година.

Салерно славеше убедливо во натпреварот против Лено со 32-15, а во вториот дел прими само четири погодоци.

Петковска и нејзиниот тим имаат уште еден заостанат натпревар за играње, против Ериче, кој е закажан за 5 јануари.

Салерно е на врвот на табелата во Италија, има 18 бодови, исто колку Еричe, a овие два тима имаат по десет одиграни меча. Понтинија и Касано досега освоија исто така по 18 бодови, но одиграа по 11 натпревари.