Веќе три години сите репрезентации во двете конкуренции на Русија и Белорусија се отстранети од меѓународните натпреварувања под капата на ЕХФ и ИХФ поради се уште актуелната воена операција.
Претседателот на руската федерација, Сергеј Шишкарев, е убеден дека женската репрезентација на Русија, која беше шампион на ОИ во Рио Де Жанеиро во 2016 година, ќе се појави на ОИ 2028 година во Лос Анџелес.
„Јас сум убеден што ќе играме во Лос Анџелес. Не знам од каде ми доаѓаа таа увереност. Најверојатно од животното, политичко, економското искуство…Уверен сум дека ќе добиеме дозволи за настап на меѓународните натпреварувања. Во Лос Анџелес, нема да им биде лесно ниту на Французинките, ниту на Норвежанките, а посакувам одново да станеме олимписки шампионки. Претседателот на ИХФ, Хасан Мустафа со двете раце би бил ЗА враќање на Русија, ако не е европското лоби и сигурен сум дека одамна ќе бевме назад. Ќе бидеме трпеливи и сметам дека 2025 ќе биде клучна година, но се ќе се среди“, вели Шишкарев за руските медиуми.
Женската репрезентација на Русија последен пат играше во квалификациите за ЕП 2022 година, а прво големо натпреварување на кое би можела да се појави е СП 2027, додека мажите последно играа на ЕП 2022, а тие најрано би можеле да се вратат на СП 2029.