Денеска ќе се одиграат преостанатите два натпревари од првото коло во плеј-оф фазата од Женската лига.
Актуелниот бранител на титулата, тимот на Ѓорче Петров, на свој терен ќе биде домаќин на незгодниот Чаир.
Натпреварот меѓу Ѓорче Петров и Чаир ќе се одигра со почеток од 17:00 часот во спортската сала „Христо Батанџиев“.
Еден час подоцна, oд 18:00 часот, во Штип ќе играат Астибо и Металург Автокоманда, а на овој натпревар голем фаворит е скопскиот тим.
Натпреварот меѓу Астибо и Металург Автокоманда ќе се одигра во спортската сала „Тошо Арсов“.
Плеј-оф фазата во единственото женско сениорско натпреварување беше отворена со натпреварот меѓу Вардар и Куманово.