Македонскиот интернационалец Мартин Поповски, кој настапува за Амичитиј Цирих, продолжува со одличните настапи во најквалитетното натпреварување во Швајцарија.
Амичитија Цирих во натпревар од 18. коло од тамошниот шампионат за ривал го имаше незгодниот Сент Гален и успеа да триумфира со три гола разлика, 26:23 (14:11).
Македонецот беше предводник во победата над Сент Гален, натпреварот го заврши како најефикасен во победничкиот тим, зад своето име запиша осум гола.
Тимот на Поповски со денешната победа дојде до 17 бода на свое конто и моментално се наоѓа на 7. позиција на табелата.