Петковска и Салерно продолжија победнички

Екипата на Салерно, во која настапува голманката на Македонија, Драгана Петковска, ја продолжи победничката серија во најквалитетното натпреварување во Италија.

Салерно за ривал во 11. коло од тамошниот шампионат ја имаше екипата на Ферера и успеа да дојде до победа, која што беше изразена со шест гола ралзика, 36:30.

За клубот на Петковска ова беше петта последователна победа, а во досегашниот тек од сезоната на свое конто има забележано осум победи.

За Салерно ова беа два важни бода со кои останува во игра за првата позиција на табелата, сега е трет со 16 бода и заостанува само два бода зад водечката двојка – Ериче и Касано.

Следен предизвик за Салерно е натпреварот од 12. коло со незгодниот Лено, кој се бори за подобар пласман.