Среќна 13-ка за Андоновски и Раховец

Екипата на Раховец, која е предводена од македонскиот стратег Горан Андоновски, а во која настапува Стефан Атанасовски, продолжи со максималниот ефект на домашна сцена, односно ја запиша 13-та победа.

Раховец во претпоследното коло за оваа година за ривал ја имаше Вјоса и без многу проблеми триумфираше убедливо со 23 гола разлика, 51:28.

Меѓу најдобрите стрелци во победничката екипа беше кружниот напаѓач Стефан Атанасовски, кој зад своето има запиша пет гола.

По 13 одиграни кола, тимот на Раховец се наоѓа на првото место со 26 бода, додека неговите најголеми ривали Беса и Кастриоти имаат шест помалку – 20.

Избраниците на Андоновски во последното коло за 2024 година ќе играат против Љапи и на овој натпревар влегуваат како големи фаворити.