Денеска стартува разигрувањето за титулата во Женската лига кое треба да донесе големи возбудувања, бидејќи најдобрите шест екипи ќе се сретнат по четири пати меѓусебе.
Со мечот меѓу Вардар и Куманово денеска од 17:30 часот ќе тргне плеј-офот, а утре е дербито меѓу шампионот и вицешампионот – Ѓорче Петров против Чаир, додека во текот на утрешниот ќе играат во Штип домашниот Астибо и Металург Автокоманда.
Во 2024 ќе биде одиграно уште едно коло за време на претстојниот викенд, додека преостанатите 18 на програмата се во 2025 година. Пролетниот дел од сезоната ќе стартува на 8/9 февруари, додека титулата ќе се додели на 31 мај/1 јуни.
Во пролетниот дел од сезоната четирипати ќе има вонредни кола, паузи за двете ЕХФ недели, а во мај ќе биде одигран и завршниот турнир во Купот на Македонија.