Во Србија ќе се фаќа залет за Мундијалот во Хрватска

Машката репрезентација на Македонија на 22 декември ќе ги стартува подготовките за настапот на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка.

Најголем дел од подготовките ќе бидат одработени во Србија и Хрватска. Веднаш по првиот собир ракометарите ќе заминат во Стара Пазова и таму ќе останат до 30 декември.

По кратката пауза за празниците, тренинзите ќе продолжат во Скопје, а од 7 јануари ќе се аклиматизираат во Хрватска. Пријателскиот натпревар против домаќинот на СП 2025 ќе се игра на 8 јануари во Прелог и потоа тренинзите ќе продолжат на хрватско тло до стартот на Мундијалот.

Македонија на 15 јанаури игра против Унгарија, на 17 ќе се соочи со Холандија, додека на 19 јануари во „Вараждин Арена“ е пресметката со Гвинеја.