Тимот на Потсдам, каде што брани македонскиот репрезентативец Мартин Томовски, запиша нов пораз во Бундес лигата.
Потсдам на домашен терен загуби од незгодниот состав на Ајзенах со 31-26, откако и на полувремето имаше негатива од четири гола, 14-10.
Македонскиот чувар на мрежата на теренот мина четириесетина минути, имаше седум одбрани, но тоа не го искористија неговите соиграчи.
Потсдам се уште ја бара првата победа во оваа бундеслигашка сезона, а следен предизвик за тимот на Томовски ќе биде гостувањето кај Лемго.