Ракометарите на Охрид ги очекува нов предизвик во Супер лигата и гостување кај незгодниот Тиквеш.
Чуварот на мрежата, Даниел Ѓорѓески, очекува тежок натпревар на гостувањето во Кавадарци, иако на првиот натпревар беше остварен убедлива победа со 40-20.
Охриѓани запишаа победи на последните четири пресметки со овој ривал, па посакуваат да продолжи таквата серија.
„Не очекува тежок натпревар в сабота против екипата на Тиквеш во Кавадарци. На домашен терен остваривме убедлива победа, но тогаш сите одигравме квалитетно што мислам дека можеме да го повториме и таму. Сепак нема да биде лесно како тука, тие имаат одлични навивачи и дома играат многу поостро, поборбено и многу подобро, па затоа мора да дадеме максимум за да оствариме победа“, изјави Ѓорѓески.
Натпреварот меѓу Тиквеш и Охрид се игра во спортската сала „Јасмин“ в сабота со почеток во 18:00 часот.